Renault 4 остана во Уланбатор, но македонското знаме сепак се развеа на Кинескиот Ѕид

ОБЈАВЕНО НА:

Половина од авантурата на Ѓорѓи и Ѓоко е завршена, стигнаа до Кина и го развеаја македонското знаме. Авантурата која траеше 11.000 километри со возење на Renault 4 И уште 800 км. со авион (не добија дозвола да го внесат возилото во Кина) е делумно завршена. Сега останува да се вратат дома по истиот пат и да се прослави нивниот подвиг.

Мао Це Тунг рекол „Не си херој ако не си го видел Кинески Ѕид“. Нашите сограѓани од Стојаково се и херои и авантуристи, а пред се големи луѓе и борци.

Се бореа со многу проблеми на патот, а само поради бирокатските проблеми не успеаја од Монголија да влезат во Кина. Траеше нивното убедување, натегање и очекувања дека се ќе се реши. Но, кога веќе се тука, мисијата треба да се заврши. И без возило се смета дека стигнале во Пекинг.

Се останува втората половина да се исполни, и да ги пречекаме во Скопје.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK