Renault 16 го слави својот 55. роденден (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Во периодот од март 1965 до јануари 1980 година биле направени точно 1.845.959 примероци од камен-темелникот на историјата на компанијата Renault. Моделот R 16 беше вистински долгогодишен хит и целосен комерцијален успех.

Пред 55 години на автомобилскиот саем во Женева првпат е претставен првиот модел со средна големина, хечбек со голем капак на багажниког и променлива концепција на внатрешноста. Во тоа време Renault 16 беше вистинска автомобилска сензација и направи конвенционалните „тетратка модели“ да изгледаат стари, како што велат Французите до денес.

Спецификацијата за новиот семеен автомобил, напишана од тогашниот претседател на Renault, Пјер Драјфус, беше јасно дефинириана. Тој треба да биде толку елегантен како седан и во исто време просторен и универзален како комби.

Уште од самиот почеток R 16 импресионлирал со невидената можност за тоа време за промени во внатрешноста. Резултатот – топ продажна и принание „Автомобил на годината 1965“.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK