Јубилејното 40. издание на релито на издржливост Дакар в година повторно ќе се вози во Јужна Америка а маршрутата ќе минува и низ Перу. Ова ќе биде исто така 10. издание на релиот на јужната хемисфера.
Покрај Перу, релито ќе се вози и во Боливија и во Аргентина. Почетокот е закажан за 6 јануари 2018 во Лима, а на целта натпреварувачите би требало да стигнат на 20 јануари 2018 во Кордоба, исто така за првпат.
Релито ќе се вози на надморска височина од 4.000 метри, и по пауза од пет години повторно дел од рутите ќе бидат во Перу. По неколкудневни возења по дините во Перу, натпреварувачите се селат во Болиивја. Во однос на годинешното издание кое траеше 12 денови, в година тоа ќе трае два дена подолго.
Маршрута на релито 2018
Сабота, јануари 6: Lima – Pisco
Недела, јануари 7: Pisco – Pisco
Понеделник, јануари 8: Pisco – San Juan de Marcona
Вторник, јануари 9: San Juan de Marcona – San Juan de Marcona
Среда, јануари 10: San Juan de Marcona – Arequipa
Четврток, јануари 11: Arequipa – La Paz
Петок, јануари 12: Rest day at La Paz
Сабота, јануари 13: La Paz – Uyuni
Недела, јануари 14: Uyuni – Tupiza
Понеделник, јануари 15: Tupiza – Salta
Вторник, јануари 16: Salta – Belén
Среда, јануари 17: Belén – Chilecito
Четврток, јануари 18: Chilecito – San Juan
Петок, јануари 19: San Juan – Córdoba
Сабота, јануари 20: Córdoba – Córdoba