Да се положи за возачка дозвола за многумина е „најлесното нешто во животот“. Но, има такви на кои тоа им претставува проблем.
Така е и со едно 28 годишно момче од Лондон кое дури 107 пати полагало писмен дел за возачка дозвола. Не само што му требало време, туку и доста пари потрошил бидејќи секој писмен испит во В.британија чини 31 фунта, односно 46 евра. Тоа значи дека тој потрошил околу 3.850 евра само на полагање на писмениот дел од испитот.
Во многу земји постојат необични правила при полагање на возачки испит.
* Во минатото во Египет возачкиот испит се состоел од возење шест метри напред и шест метри во рикверц. Сега има повисоки барања, па кандидатот мора да одговори на десет прашања и да вози на патека во облик на буквата Ѕ.
* Во Индија до пред три години испитувачите не морале да седат во возилото за време на полагањето на испитот. Кога тоа се сменило паднал и процентот на оние што положувале за половина.
* Кандидатите за возачка во ЈАР можат да паднат дури и пред да влезат во возилото, доколку не проверат случајно да не тече нешто под автомобилот.
* Во Кенија подготовката за возачки испит вклучува и возење на мали колички играчки по посебно дизајнирана маса. Практичниот дел од испитот понекогаш трае и помалку од минута.
* Едно од прашањата на теоретскиот дел на испитот во Хондурас гласи: Што ќе направите доколку прегазите негого? Меѓу понуденит еодговори се: Ќе го покријам со лисја, Ќе се напијам рум, и Ќе го оставам таму.