Групацијата PSA објави податоци дека во првите шест месеци од годината успеала да продаде 2.181.800 автомобили низ целиот свет. Ова е нов рекорд за групацијата и порад од 38,1% во однос на истиот период за 2017 година. Импресионира СУВ офанзивата на PSA Group со 13 модели, лансирани во целиот свет од петте брендаPeugeot, Citroën, DS Automobiles, Opel и Vauxhall. Од нив се продадени над 609.000 примероци од СУВ возилата, а тоа претставува 28 проценти од продажбите на целата група во споменатиот период.
Peugeot е водечкиот бренд во СУВ сегментот во Европа со продадени над 339.200 СУВ возила низ целиот свет (раст од 26%) во првата половина на 2018 година. Од почетокот на година Peugeot 308 SUV e со пораст од 37 проценти и продадени 144.000 примероци.
Францускиот бренд се радува и на зголемениот интерес кон новиот Peugeot 5008, кој регистрира продажба на 58.900 возила. PSA Group достигна нов рекорд и во продажба на леснотоварни автомобили. Продадени се 289.500 возила, а порастот е 32,8%.
Во Европа консолидираната продажба на PSA Group изнесува 1.673.700 возила и пораст од 61,5%, додека пазарниот дел на групата се зголемува со шест поени до 17,2%. На Блискиот исток и Африка пазарната реализација на PSA Group во периодот од првите шест месеци достигна до 226.100 возила, што претставува пад од 18,6 проценти поради фактот што продажбите на возилаа произведени во Иран не се вклучени во вкупниот број на светски продажби од 1 мај.
Пазарниот дел на Peugeot продолжи а расте во Тунис, Турција, Египет и останува водечки на пазарот во Франција. Во Јапонија, PSA Group има солиден пораст од 25%, додека во Јужна Кореја растот е од значителни 18%, а повторното стартување во Австралија и Нов Зелан покажа ветувачки напредок. Во Европазија е забележан пораст на продажбите од 18,1%. Групацијата има напредок на двата најголеми пазари во регионот. Во Русија тоа е 19%, додека во Украина е 32% со општ број на продаени 7700 автомобили.