Рекорден пад на продажбата на возила во Германија – најголем по 1989 година

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот пазар на нови автомобили во јуни заврши со рекорден пад на продажбата.

Како што објави KBA, а пренесе Ројтерс, во јуни остварен е пад на продажбата за 32% споредбено со јуни 2019 година.

Во јуни се регистрирани вкупно 220 илјади нови автомобили. Доколку се земат во предвид историските податоци тогаш овој пад е најголем по 1989 година.

Дополнително, Рајнхард Цирпел, германски експерт за автомобилизам најавува дека оваа деловна година ќе заврши со пад од 20%. Тој сепак најавува дека во втората половина од годината ќе следи стабилизирање на продажбата.

Германскиот пазар е најголем во Европа и секогаш претставувал насока и показател на ситуацијата во автоиндустријата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK