Во групацијата на Volkswagen има повеќе брендови, но VW e првиот што се пофали со јубилеј, 150.000.000 произведени возила. Јубилејниот автомобил бил плаг-ин хибрид Golf GTE кој може да вози до 50 км во чист „електричен режим“.
Паралелно со објавување на веста од Volkswagen коментираат дека само оваа година брендот лансира на пазарот повеќе од 10 нови модели и основни модификации, а до 2020 ќе видиме и 19 нови предлози во SUV сегментот.
https://youtu.be/0QQ37pUCQJw
Офанзивата на компанијата во областа на автомобилската електрификација ќе започне по 2020, кога на пазарот ќе бидат пуштени претставниците на целосно новото семејство I.D. развиени на новата и специјално создадена за електрични и електрифицирани возила платформа MEB.
Моделот Golf има најдобри бројки, над 34 милиони произведени возила, пред Beetle со 21,5 милиони возила. Досега Passat е продаден во повеќе од 20 милиони единици, Jetta – 19,5 милиони и Polo со 17 милиони возила.