сабота, 25 декември, 2025 година

РЕКОРД!! Возеле со 2,89 и 2,57 промили алкохол во организмот

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Се уште не им доаѓа ум на возачите кои решаваат да пијат и да возат. Сега биле лишени од слобода возачи од демиркаписко и Кавадарци. Во полицискиот извештај се вели:
На 04.09.2025 во 14:15 часот на улица „Партизанска“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода А.П.(50) од село Корешница, демиркаписко. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „ауди“ со демиркаписки регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.89 промили алкохол во крвта.
На 04.09.2025 во 19:45 часот, на улица „Никола Минчев“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Д.Т.(50) од Кавадарци, затоа што при контрола на патниот сообраќај констатирале дека управувал патничко возило „ауди“ со кавадаречки регистарски ознаки, под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.57 промили алкохол во крвта.
Тие биле исклучени од сообраќај и задржан во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настаните, против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја