Се чини дека јапонците се најголеми фанатици за автомобили. Тоа може да го заклучиме по рекордната посетенос на саемот во Токио кој во само 12 дена беше посетен од страна на 1,3 милиони посетители.
Со ова, овој саем значително ги помина саемите во Франкфурт, Женева, Париз и Њујорк, барем по бројот на посетители и покрај тоа што имаше помалку светски премиери.
Само за илустрација, на овогодинешниот саем за автомобили во Франкфурт беа забележани само 560 илјади посетители, нешто повеќе од двојно помалку.
На овогодинешниот саем централно место заземаа домашните производители претставувајќи бројни концепти за својата иднина.
Следниот саем во Токио е закажан за две години односно кон крајот на 2021 година.