Рекорд после 10 години: Македонија лани увезла 38.580 половни автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

По 10 години во Македонија повторно има рекорден увоз на половни возила. Минатата година во Македонија се увезени вкупно 44.921 автомобили, покажува официјалната статистика објавена од страна на Царинската управа на РМ.

Од оваа бројка, 38.580 се половни патнички автомобили, а само 6.341 се нови. Само во декември 2019 се увезени 5256 половни возила и 769, а вкупниот број е 6.476 возила, што е најмногу во 2019 година.

Споредбено со претходната, 2018 година, пораст на увозот е забележан и кај новите и кај половните автомобили. Така во 2018 година се увезени 5.878 нови автомобили додека годинава бројката е зголемена за 463 нови автомобили.

Минатата година се увезени 8.343 половни автомобили повеќе во однос на 2018 година кога се увезени 30.237 половни автомобили. Со исклучок на 2010 година кога во нашата земја се увезени 51.399 нови автомобили, 2019 година е една од рекордните по увоз на половни автомобили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK