Рекорд: Peugeot стигна до 20.000 продадени возила во Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

Еуроимпекс е првата автомобилска компанија основана во Македонија во 1990 година а соработката со Peugeot ја развиваат повеќе од 28 години. Во 2014 година го проширија просторот на нивното работење и денес се генерални увозници за Peugeot на пазар кој брои преку 14.000.000 жители и регионално го претставуваат брендот на територија на Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово.

Во овие 28 години Еуроимпекс оствари еден голем рекорд, стигна до бројка од 20.000 продадени возила во Македонија.

„Toa e бројка од задоволни клиенти на која сме неизмерно горди. Број кој укажува на сите факти за успешноста и умеењето на раководење со бизнисот. Број кој не става на прво место на листата на импортери во Македонија. И број кој во иднина секако ќе се потрудиме рапидно да се зголемува, изјави Кирил Воиновски, Генералниот директор на Еуроимпекс.

Бројките што ги постигнува Еуроимпекс се во време кога и Peugeot бележи одлични резултати.
„Пред четири години, брендот го промени врвното раководство, а со тоа се промени и нашата стратегија. Во минатата 2017 година, остваривме извонредни резултати. Брендот постигна нови рекорди и бележиме историска продажба со над 2.000.000 продадени Peugeot возила во светот. Минатата година, продажбата беше фокусирана на SUV сегментот што резултираше со 600.000 продадени Peugeot SUV возилa, изјави Даниел Воиновски, Генерален директор на Еуроимпекс.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK