Кога ќе платиш автомобил скапо, а потоа ќе мора да го рекламираш поради различни причини не само што се качува притисокот туку и многу се нервирате. А еден Србин стана хит за начинот на кој го рекламираше возилото кое според него требало да биде сервисирано бесплатно.
Обложен со натпис Mercedes-Benz C-Klasse Coupе неговиот автомобил ги привлече погледите на белграѓани последните неколку дена, а фотографиите станаа хит на социјалните мрежи.
Автомобилот припаѓа на српски бизнисмен кој избрал необичен начин да протестира против германската марка.
Српските медиуми велат дека локалната канцеларија на Mercedes Benz одбиле да коментираат за случајот. Многу сопственици на нови и скапи автомобили се жалат на социјалните мрежи дека производителите кои често ги отфрлаат барањата за бесплатни поправки во рамките на гаранцијата со тврдења за несоодветна употреба од страна на сопственикот.
Затоа кога купувате возило прочитајте или побарајте да ви објаснат што се спаѓа во гаранција и што подлежи на бесплатно сервисирање. Но, овој Србин направи добра реклама за германскиот бренд.