Рекламата за Hyundai Venue (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Откако во април годинава дебитираше на саемот во Њујорк, Hyundai и официјална, на својот YouTube канал ја претстави рекламата за овој модел.

Авионот во рекламата има за цел да ја надополни сликата за Venue како комфорен и простран автомобил, а тоа што се јавуваат и останатите SUV модели има за цел индиректно да ја претстави совршеноста на овој SUV во однос на останатите.

Инаку овој SUV кој димензионално е најмал во групацијата на Hyundai е со должина од 4,03 метри што е за 11 см. пократок од Kia Stonic. Ширината изнесува 1,77 метри додека висината 1,56 метри. Со меѓуоскино растојание од 2,52 метри, овој SUV не може да понуди многу простор во внатрешноста, но е идеален за градски средини.

Во зависност од пазарот каде ќе се продава, во понудата ќе бидат понудени 1.0 литарски турбо бензински мотор со три цилиндри, 1.4 литарски бензински и 1.4 литарски дизелски мотор, а покрај во Северна Америка, овој SUV ќе биде достапен и во Индија и повеќето азијски земји.

Останува нејасно дали ќе биде лансиран и во Европа.

 

 

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK