Реинкарнација на “грдата” Fiat Multipla

ОБЈАВЕНО НА:

Специјализираниот италијански сајт за автомобилизам auto.it објави рендер од можниот изглед на новата генерација од моделот Multipla на Fiat.

Овој модел за прв пат се појави во 1998 година, а Fiat го произведуваше се до 2010 година. Иако во внатрешноста има голема пространост, поради својот дизајн овој модел се најде на мета на бројни критики и потсмев. Исто така овој автомобил неколку пати се здоби со наградата “најгрд автомобил”.

Инаку рендерот е дело на TheSketchMonkey. Како што може да се види, формата е задржана од прваа генерација, но овој концепт е замислен како електричен автомобил.

Враќањето на овој модел во понудата на Fiat не е во плановите на производителот, па повеќе од сигурно е дека и во наредните неколку години, овој модел нема да го види светлото на денот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK