Регулаторна реши: Бензинот поскапува – дизелот со иста цена

ОБЈАВЕНО НА:

Понеделник е време кога се носи одлука за продажните цени на горивата кај нас.  Регулаторната комисија за енергетика реши од вечерва на полноќ, максималните малопродажни цени на бензините да ги зголеми по половина денар, но цената на дизелот останува иста.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени во изминатите седум дена на светските берзи кај бензинот во просек за 1,397 отсто и  намалените кај дизелот за 0,124 отсто, како и за 0,832 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот

Според тоа малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за по 0,50 денари и еден литар 95-октански бензин ќе чини 66 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 68 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ останува иста и еден литар дизел и понатаму ќе чини 56 денари.

Одлуката на РКЕ останува до следниот понеделеник.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK