По две недели самостојно одредување на цените на горивата од страна на дистрибутерите во Македонија, од понеделник цената повторно ќе ја одредува Регулаторната комисија за енерегетика (РКЕ). Според најавите новата методологија што се подготвува треба да донесе поевтинување на цените според кои сега се продаваат горивата.
Според РКЕ во иднина најважни при одредување на цената ќе бидат курсот на доларот и движењето на цената н адериватите на светските берзи. Новите цени што ќе се одредуваат ќе бидат максимални и над тие нема да може да се продава во Македонија. Но, доколку некој продавач сака може да продава по пониски цени.
Наместо на две недели во иднина корекцијата на цената ќе се врши на неделно ниво. Маржата за продавачите ќе биде под 4,8 денари за литар.
Во моментов цените на горивата во Македонија се:
– Ultra 95+ Economy ќе се продава по цена од 72,00 денари за литар;
– Ultra 100 Race Pro ќе се продава по цена од 74,00 денари за литар;
– Ultra Diesel Green Power ќе се продава по цена од 66,00 денари за литар;
– Ultra Diesel Bio Power се ќе се продава по цена од 67,00 денари за литар;
– Екстра лесното ќе се продава по цена од 54,50 денари за литар.
Доколку РКЕ навистина смета дека ќе има пониски цени, тогаш со нетрпение ќе го чекаме секој понеделник кога треба да бидат објавувани новите цени.