Редок Mercedes-Benz 300SL украден од пред хотел во Нурбургринг

ОБЈАВЕНО НА:

Многу редок модел на Mercedes-Benz 300SL Gullwing од 1955 година е украден во неделата на паркинг пред хотел во близина на Нурбургринг, пренесуваат германските медиуми.

Повикувајќи се на полициски извори, автомобилот бил украден во периодот помеѓу 1:30 часот и 10:00 часот во неделата утрото, а Томас Розер, сопственик на автомобилот изјави дека истиот бил паркиран пред хотелот.

Овој автомобил е само еден од 30те воопшто произведени со основа од чист челик и опремен со т.н. NSL мотор со одлични перформанси. Според познавачите, веројатноста овој автомобил да биде продаден како таков е многу мала и многу поверојатно е истиот да биде расклопен и продаден на делови.

За својот миленик, сопственикот Томас Розер нуди 250 илјади евра за оној кој ќе помогне во пронаоѓањето, додека на пазарот неговата вредност се проценува на околу 2 милиони евра.

Производството на овој многу ценет автомобил кај колекционерите започна во 1952 година, а се произведувал се до 1963 година. Во фабриката во Штутгарт каде што и се произведувал, вкупно се произведени 1.400 примероци во купе изведба и 1.858 во родствер изведба.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK