сабота, 25 декември, 2025 година

Речиси секој трет нов автомобил во светот се продава во Кина

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Кина веќе одамна е најголем автомобилски пазар во светот, но бројките за 2025 година покажуваат нешто повеќе – таа стана вистинска „локомотива“ на глобалната автоиндустрија.

Според податоците за октомври 2025, Кина учествува со дури 38% во вкупната светска продажба на нови автомобили. Само во тој месец во Кина се продадени околу 3,3 милиони возила, додека глобално биле продадени 8,64 милиони, што е раст од 4% во однос на октомври 2024 година.

- Advertisement -

Ако се погледнат првите десет месеци од 2025 година, сликата е уште поимпресивна:
* во светот се продадени 79,25 милиони автомобили
* од нив 27,65 милиони во Кина
* тоа значи дека Кина држи околу 34,9% од глобалниот пазар, со раст на продажбата од 12% на годишно ниво

За споредба, во истиот период:
* САД имаат околу 13,88 милиони продадени возила
* Индија 4,56 милиони
* Јапонија 3,86 милиони
* Германија 2,61 милион

Кина не е само најголем, туку и најдинамичен пазар – додека некои пазари како Русија и Мексико бележат пад или успорување, а Јужна Америка држи стабилно темпо, но азискиот гигант јасно доминира.

Кинеските брендови се пробиваат во светскиот врв
Уште еден важен тренд е силното искачување на домашните кинески марки. Три брендови веќе се во топ 10 на глобално ниво по продажба:
* BYD – 6-то место
* Geely – 8-мо место
* Chery – 10-то место

Во исто време, многу традиционални европски и јапонски производители бележат пад на продажбата, делумно поради брзата транзиција кон електрификација, каде кинеските компании очигледно се подобро позиционирани – и по цена, и по обем, и по брзина на лансирање нови модели.

Електричните и „новите енергии“ доминираат
Особено впечатливи се бројките за возилата на „нова енергија“ – тука спаѓаат целосно електричните (BEV), plug-in хибридите (PHEV) и т.н. range-extender модели (EREV).

Во октомври 2025 во Кина се продадени околу 1,715 милиони вакви возила, што е раст од околу 20% во однос на истиот месец лани. Уште поважно – овие модели веќе сочинуваат повеќе од половина од кинескиот пазар, со удел од околу 51,6% во вкупната продажба.

Со други зборови, повеќе од секој втор нов автомобил продаден во Кина е електрифициран. Тоа ја става земјата во водечка позиција не само по бројки, туку и во дефинирањето на иднината на електричната мобилност – од батерии и платформи, до софтвер и нови бизнис модели.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја