Recaro се спаси од банкрот

ОБЈАВЕНО НА:

Германската компанија поднесе барање за стечај веќе во јули годинава, а деновиве, дојде и „спас“ за поснатата марка и тоа во ликот на компанијата Proma Group...

Италијански производител на делови се активира со цел да го одржи во живот познатиот производител на седиште. Познатиот, глобално, производител на спортски автомобилски седишта Recaro Automotive GmbH се спаси од банкрот, „спасот “, се чини,  дојде во последен час од Апенинскиот полуостров.

Италијанската компанија Proma Group потпиша инвестициски договор со германскиот реномиран производител на седишта, а парот веќе го започна преодниот период за преземање на контролата врз бизнисот.

Од Proma Group изјавија дека ќе задржи неколку оригинални вработени за да „обезбеди полесна транзиција на поддршката за да ги задоволи потребите на клиентите“.

Recaro ќе има специјални (спортски сетирани) резервни седишта достапни повторно на пазарот и тоа почнувајќи веќе од следниот месец, кога ќе го пренесе и OEM производството во Италија, за да започне со изработка на првите нови седишта.

Германската компанија поднесе барање за стечај на крајот на јули, откако се соочи со „значителни финансиски тешкотии“, а компанијата се сомничи дека го предизвикала прекинот на производството на Ineos Grenadier пред неколку месеци.

„Нашата инвестиција во Recaro Automotive ќе ја зајакне нашата способност да испорачаме премиум производ за седење, притоа прифаќајќи ги најсовремените иновации во автомобилскиот сектор“, рече извршниот директор на Proma Group, Лука Пино.

Во тој контекст е и податокот дека Proma Group е специјализирана за изградба на различни автомобилски компоненти, конструкции на седиштата, склопови на каросеријата и оски за суспензија.

Инаку оваа компанија вработува околу 5.000 луѓе кои работат во 25 фабрики лоцирани на три континенти.

Операциите на Recaro во Северна Америка и Јапонија продолжуваат да работат без прекин. Recaro не беше единствениот во тешка категорија што се соочи со прекин во 2024 година.Производителот на тркала BBS и продавницата за ентузијасти Hoonigan, исто така, поднесоа барање за стечај оваа година.

Се надеваме дека и двете од тие фирми ќе успеат лесно како нашиот омилен производител на седишта. Останува да бидеме трпелливи почекаме и да видиме како ќе се одвиваат работите и што ќе покаже времето, бидејќи само тоа е неподмитлив и непогречлив судија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK