Разубавување за Mеrсеdеs-АMG Е 63 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Тоа е последниот модел, развиен под раководство на Тобијас Мерс, кој ја напушта компанијата на 1 август за да го преземе Аstоn Mаrtin.

Од Mеrсеdеs-АMG официјално ја претставија обновената верзија на седанот и каравнот Е63. Надворешните промени на Е63 се сведуваат на модернизираната решетка на  ладилникот, новиот преден капак, зголемента ѕвезда со три зраци и хромираната лајсна, која ги спојува стоп светлата.

Меѓу понезабележителните измени се калниците, кои се раширени за 27 милиметри. Модификацијата ќе може да се порача и со пакет АMG Night, во кој хромираните декорации се заменети од еден во црн сјај.

За фејслифот се развиени и тркала со нов дизајн. За Е63 тие се со димензии од 19 инчи, а за Е63 Ѕ – 20.

Новостите во внатрешниот дел се исти како и кај стандардната Е-Klаssе. Се појавиле екрани со дијагонала 10,25 или 12,3 инчи во зависност од нивото на опрема, но графиката на интервфејсот со три варијанти на оформување е развиена специјално за Е63. Нов е и воланот со сензори кои „чувствуваат“ дали возачот ги држи рацете на него.

Инжeнeритe нa Mеrсеdеs-АMG ја доработиле адаптивната суспензија на гумите во корист на комоцијата. Тоа е постигнато со оптимизација на карактеристиките на амортизерите.

Моторот, со кој се опремува најрафинираната Е-Klаssе е останат ист, 4.0-литарскиот V8 со два турбокомпресори развива 571 коњска сила/750 Нм во верзијата Е63 и 612 коњски сили/850 Нм во Е63 С. Преносот е деветстепен автоматик АMG Spееdshift MСT, кој ги движи четирите тркала со диференцијал со електрично управување и дрифт режим за Ѕ-верзијата.

Динамичките карактеристики се непроменливи. Седанот забрзува до 100 км/ч за 3,5 секунди (Е 63Ѕ е со 0,1 секунди побрз), а комбито за 3,6 секунди. Макасималната брзина е ограничена на 250 км/ч за Е63 и на 300 за Е63 Ѕ Цените ќе бидат објавени на подоцнежната етапа.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK