Image converted using ifftoany

Разубавен и Peugeot 301

ОБЈАВЕНО НА:

Откако беше објавено дека Citroen C-Elysee ќе доживее фејслифтинг по четири години минати на пазарот, од PSA стигнува и најавата за освежување и на вториот модел, Peugeot 301. Двата автомобили се наменети првенствено за пазарите во развој каде се бараат доволни квалиттени возила по пристапни цени кои можат да издржат поголема „тортура“.

Peugeot 301 е претставен првпат во 2012 година и оттогаш се продадени повеќе од 360.00 примероци. Неговиот брат близнак, C-Elyssee за истиот период е продаден во 400.000 примероци.

Нормално, при освежувањето не е претерано со некои драстични визулени измени, па како најзначајна промена се издвојува новата предн амаска, дотераните светла, ЛЕД дневни светла и браникот на автомобилот.

Дотерување има и кај задните светла, а нови се и алуминиумските тркала од 16 инча, како и неколку нови бои на каросеријата.
Во внатрешноста се истакнуваат поквалитетни материјали, нов дезен на седиштата, нов инфотеимент систем, задна камера, андроид ауто и Епл карплеј.

Во понудата на моторите се бензинските 1,2 PureTech со 82 КС и 1,6 VTi со 115 КС, а овој модел може да се нарача и со 6 степен менувач. Од дизелските агрегати тука се 1,6 HDi со 92 КС и 100 КС.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK