Разбеснет возач „претепа“ бензинска пумпа (ВИДEO)

ОБЈАВЕНО НА:

Полицијата во градот Брендон во канадската провинција Манитоба објави потрага по возач кој предизвикал тежок инцидент на бензинска пумпа. Според видео снимката од бебедносните камери може да се види како разбеснетиот клиент удира безмилосно по машината со голи раце, нозете и со пиштолот за полнење, а потоа бега од местото на престапот.

Автомобилот на насилникот е преполн со прашина, па не се гледа ниту регистарската табличка, што ја отежнува потрагата. Затоа полицијата објавила запис на Твитер со молба за информација, која треба да ги насочи истражителите кон сторителот.

Причините за овој брутален напад не се сосема јасни. Од кадараот се добива впечаток дека човекот не е задоволен од брзината на долевање на гориво и веројатно смета дека процесот треба да се забрза со насилнички медоти.

https://twitter.com/BrandonPolice/status/1258808619572830208?s=20

Според очевидци мажот бил вознемирен затоа што вработена на бензинска пумпа инсистирала да наплати за горивото однапред наместо да полни гориво. Нема информации за висина на нанесената штета.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK