Расте бројот на заболени од коронавирусот – паѓа цената на нафтата

ОБЈАВЕНО НА:

Денеска Регулаторната комисија за енергетика објави нови цени за горивата кои се намалени, но трендот на паѓање продолжува и кај суровата нафта на светските берзи. Од друга страна и растот на заболените со коронавирусот доведе до тоа цените на нафтата да паѓаат.

Цената на нафтата „брент“ од Северно море денеска се намали за 32 центи, или 0,7 проценти, на 42,82 долари за барел, додека американската WTI нафта се намали за 29 центи на 40,30 долари за барел, објавија британските медиуми.

Намалувањето на цената на „црното злато“ донекаде е ублажено со веста дека германската биотехничка компанија „БиоНТтек“ и американскиот производител на лекови „Пфизер“ презентираа дополнителни факти дека нивните експериментални вакцини за Ковид-19 се безбедни и резултираат во создавање имунитет кај пациентите.

Повеќе од 14,5 милиони луѓе во светот се заразени со новиот коронавирус, а повеќе од 604.000 умреа од Ковид-19, пренесуваат британските медиуми.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK