недела, 25 ноември, 2025 година

Ranger се повеќе популарен во Европа – Ford го зголемува производството

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Европа не е некој примамлив пазар за пик-ап возилата. Поради тоа и европските производители немаат во својата понуда ваков модел (со исклучок на Volkswagen). Но перцепцијата за пик-ап моделите значително ја промени Ford и тоа благодарение на моделот Ranger.

Имено во првиот квартал годинава, Ford успеа да продаде рекорден број на возила од моделот Ranger поради што мора да го зголеми дневното производство за да одговори на побарувачката на Стариот континент.

- Advertisement -

Официјалните податоци покажуваат дека Ford во 20 европски земји (Австрија, Белгија, Чешка, Финска, Данска, Франција, Велика Британија, Унгарија, Ирска, Италија, Грција, Германија, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Шпанија, Романија, Шведска и Швајцарија) оствари продажба од 26.700 примероци од овој модел што претставува значителен пораст споредбено со истиот период минатата година.

Истовремено, ова е и најпродаваниот модел во својот сегмент, а самиот тренд на пораст на продажбата во овој сегмент говори и за промената на преференциите на европските купувачи.

За да одговори на овој тренд, Ford донесе одлука за зголемување на дневното производство на овој модел од 506 на 720 примероци.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја