Range Rover помина 1.300 км со еден резервоар

ОБЈАВЕНО НА:

Хибридниот Range Rover Sport PHEV постави нов рекорд за максимална километража со едно полнење, а помина дури 1.292 километри. Русите Андреј Леонтиев и Максим Леонов успеаја да го поминат ова растојание со средна брзина од 64 км/ч.

Во првите 200 км портошувачката била околу 4 л/100 км. После исцрпувањето на полната батерија потрошувачката се зголемила до 7 литри на 100 км.. Постигнувањето е регистрирано и официјално во „Книгата на рекордите на Русија“.

Range Rover Sport PHEV е опремен со 4-цилиндричен бензин турбомотор Ingenium со моќност од 300 коњски сили и е вграден во електромотор со 116 коњски сили со осумстепен автоматски менувач. Моќта на системот е 404 коњски сили (640 Нм) а дозволува забрзување од 0 до 100 за 6,7 секунди и максимална брзина од 220 км/ч.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK