Ранг листа на Jato: Renault-Nissan доминира по продажба на СУВ возилата

ОБЈАВЕНО НА:

Алијансата меѓу Renault и Nissan донесе одлични резултати за 2017 година и се најде на врвот како лидер по продажба на СУВ возила. Тука пред сè поради продажбата на моделите X-Trail, Qashqai, Captur и Duster.

Во изминатата година, реализацијата на групата се има зголемена со 13 проценти и има достигнато ниво од 3,27 милиони возила, па Renault-Nissan се најдоа убедливо на врвот пред најблискиот ривал GM, кој има продадено 2,41 милион возила.

Според податоците на 3. место се најде JATO Dynamics Toyota со продадени 2,33 милиони автомобили.
Во топ 10 од групите со најмногу продадени нови СУВ возила во 2017 година влегуваат исто така и Hyundai-Kia (2.01 млн), Honda (1.96 млн), VW Group (1.96 млн), FCA (1.72 млн), Ford (1.68 млн), Great Wall (0.95 млн) и Geely (0.9 млн).

Со пораст во продажбата од 6% до ниво од 814 495 единици, најпродавано возило во СУВ сегментот за 2017 година е Nissan X-Trail/Rogue. На 2. Позиција е Toyota RAV4 (770 296), додека на 3. место е Honda CR-V (749 151).

Кај компаниите битката за првото е голема, а Тоyota се наоѓа пред Nissan и Honda со 1 944 413 спрема 1 850 045 и 1 825 032 продадени возила. В Топ 10 исто така влегуваат и Ford (1 570 217), Jeep (1 388 493), Hyundai (1 196 099), Chevrolet (900 613), Volkswagen (868 862), Great Wall (859 349) и Kia (811 304).

Во текот на првиот месец во 2018 година, СУВ возилата формираат дури 33,5 проценти од бизнисот со нови возила на територијата на Европа.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK