Ram 1500 TRX премиерно на 17 август – објавено тизер видео

ОБЈАВЕНО НА:

Специјализираниот бренд за пикапи во FCA Групацијата, RAM, објави дека на 17 август ќе ја одржи премиерата на TRX верзијата на моделот 1500.

Станува збор за најмоќната верзија на моделот 1500 кој е најпродаван пикап на RAM. Според официјалните информации брифирани од производителот, истиот ќе располага со 6,2 литарски V8 мотор кој ќе продуцира неверојатни 717 КС. При тоа доаѓа со погон на сите четири тркала и во комбинација со 8 степен автоматски менувач.

Повеќе детали околу производството и цената се очекува на денот на премиерата, а во меѓувреме RAM објави и кратко тизер видео прикажано во продолжение.

https://youtu.be/20vla28DDMg

Следете не и на:

24AUTO NETWORK