Ракета: Mercedes А class развива 320 км/ч (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Германската куќа за тјунирање Posaidon, специјализирана за автомобили Mercedes го модификуаше најмалиот AMG и од него направи ракета. Претходната генерација Mercedes-AMG A 45 во фабричка состојба од дволитарски четирицилиндричен агрегат разви 381 коњска сила и 475 Nm. После модификацијата на Posaidon, W176 развива неверојатни 551 коњска сила и 660 Nm и достигнува максимална брзина од 320 км/ч.

Освен интервенциите на моторот М133 од кој е извлечен максимум и софтверско подесување на седумстепениот автоматик, Posaidon уфрли и нов турбо полнач, го прошири интеркулерот, стави моторспорт свеќички и 4,5 инчен вшмукувач на воздух.

Тука е и новиот 3,5 инчен издувен систем од нерѓосувачки челик, вбризвуање на вода-метанол, прилагодливи амортизери, рол-бар и нов систем на кочници со шест клипа и 365-инчни дискови на предната оска кои обезбедуваат огромна сила потребна за запирање на овој „ѕвер“. Ова подесување на Posaidon, Mercedes-AMG A 35 чини 18.500 евра, а во видеото во продолжение можете да слушнете како звучи.

 

View this post on Instagram

 

A45 RS 485+ WM

A post shared by POSAIDON DEUTSCHLAND (@mercedestuning) on

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK