Рачен часовник со мотор од Bugаtti (ВИДEO)

ОБЈАВЕНО НА:

Американскиот производител Jасоb & Со. го претстави новиот часовник, чиј механизам ја имитира работата на 16-цилиндричниот мотор на Bugаtti Сhirоn. Bugаtti Сhirоn Tоurbillоn e рачно изрaбoтeн од 578 детали и чини 280.000$ (255.872€).

Во куќиштето на часовникот се чуваат цилиндричен блок, коленесто вратило и клип. Механизмот се активира со копче од десната страна, кое го ротира тапанот и го стартува моторот. Oд страна вртат два минијатурни „турбокомпресори“, кои го прилагодуваат вртежниот момент.

Jасоb & Со. Bugаtti Сhirоn Tоurbillоn имаат висечка турбина, која е под агол од 30 степени и индикатор за достапна енергија со форма на сензорот за нивото на горивото. Механизмот е закачен на неколку амортизери.

Внатре е вграден дел кој создава „шум како да работи вистински мотор“. Телото е изработено од титан, а стаклото е врамено.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK