Работниците притиснаа и добија: Mercedes ја зголемува платата за 20 отсто во Унгарија

ОБЈАВЕНО НА:

Mercedes Benz постигна договор со синдикатот во нивната фабрика во Унгарија, и во следните две години ќе ја зголеми основната плата за по 10 отсто на годишно ниво.

Неколку месеци траеја преговорите на Синдикатот што претставува 4.000 работници во фабриката во Кечкемет, во која Mercedes има вложено една милијарда долари.

Поради штрајк од неколку часа минатиот месец имаше проблеми во испораката, и најмалку 50 возила задоцнија со излегување од производната лента. Најголемиот синдикат бараше покачување од 15 отсто на годишно ниво.

Mercedes ги произведува моделите B class и CLA во Унгарија. Компанијата реши почнувајќи од април да им исплаќа по 10 отсто повисока плата, и плус уште по 10 отсто од април 2018 година. Производството и извозот на возила е главниот двигател на економскиот раст во Унгарија, кад еплатите се далеку под просекот во однос на Западна Европа.

Во јуни објави дека ќе гради уште една фабрика во Унгарија и ќе потроши уште едн амилијарда долари до 2020 година и ќе вработи околу 2500 луѓе. Премиерот на Унгарија, Виктор Орган изјави дека корпоративниот данок ќе се намали од 19 на 9 отсто за компаниите без оглед на приходите.

Просечната брута плата во Унгарија пораснала за 6,7 отсто во периодот јануари – септември годинава на 871 долар, според официјалните податоци.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK