Иако има проблеми во автомобилската индустрија, некои производители сè уште добро се држат и можат да издржат во овие тешки времиња во економијата. И во вакви времиња компаниите наоѓаат начин да ги наградат вработените и да им помогнат полесно да се издржи овој период.
Daimler одлучил дополнително да ги награди своите вработени во Германија. Според Automotive News компанијата ќе им надомести на секој работник за „личниот и економскиот товар, како што е носењето маска и работата од дома“, што секој работник морал да го издржи во тековната година, објасни Вилфрид Порт, шефот за човечки ресурси на Дајмлер.
Затоа Daimler длучи сите 160.000 работници во Германија да добијат т.н. „коронабонус“ во износ од по 1.000 евра.