Со QX50 Concept се покажува новата визија на Infiniti

ОБЈАВЕНО НА:

На следниот саем на автомобили во Детроит што почнува следната недела, светска премиера ќе има новиот Infiniti QX50 Concept, покажувајќи ја визијата на брендот за следната генерација на премиум СУВ во средната класа.

Во однос на дизајнот QX50 Concept е еволуција на 2016 QX Sport Inspiration, а сега ќе сака да покаже како ќе изгледа дизајнерскиот израз во однос на изгледот на идните продукциски возила.

infiniti-qx50-concept-naias-2017-2

„Со покажувањето на на QX Sport Inspiration моделот во Пекинг ја покажавме иднината на QX линијата. Новиот QX50 Concept e дополнителна еволуција на тој концепт и покажува како Infiniti може да го развива своето присуство во најбрзо растешкиот сегмент на глобално ниво, изјави Роланд Кругер, претседателот на компанијата.

Јапонците посветиле многу внимание на модификација на надворешните линии, подготвувајќи целосно нов прогресивен ентериер, а токму со овој модел ќе почнат и сериозно да покажуваат заинтересираност за автономијата во возењето.

infiniti-qx50-concept-naias-2017-3

Тие очигледно повеќе не веруваат во целосно самостојно возење, па се вратат кон вештачка интелегенција и во возењето како кон копилот.

Infiniti во Детроит ќе го покажат нивниот нов ултра ефикасен VC-Turbo технологија. Овој мотор првпат беше покажан на саемот во Париз, и го претставува првиот светски мотор со варијабилна компресија и ќе има 272 КС и 390 Нм вртежен момент.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK