Путинмобилот станува кабриолет за 9 мај

ОБЈАВЕНО НА:

По понудата на луксузниот руски бренд Aurus ќе се појави и параден кабриолет кој ќе го замени сегашниот церемонијален ЗИЛ-41041 АМГ. Откриената верзија ќе наликува на седанот Senat S600, но ќе има мек преклопен покрив и прилагодлива ограда за која ќе се држат официјалните лица додека стојат при возењето.

Кабриолетот веќе е подложен на финални испитувања и најверојатно ќе дебитира пред публиката на традиционалната парада на „Црвениот плоштад“ по повод победата во Втората светска војна на 9 мај. Не е исклучено откриената верзија да биде пуштена и во слободна продажба.

Откриениот Aurus ќе биде опремен со познатиот 4.4 литарски V8 (598 коњски сили., 800 Нм), електромотор со моќност од 40 коњски сили и девет степен автоматски менувач. Со овој мотор стандардниот седан ќе забрзува од 0 до 100 км/ч за 6 секунди и ќе развива максимална брзина од 250 км/ч.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK