Путинмобилот ќе биде само пола руски

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилите од проектот „Кортеж“ во кој централното место го зазема Путинмобилот ќе добиваат делови и агрегати од 147 различни производители, а од нив 74 се руски. Со публикувањето на имињата на компаниите кои ќе доставуваат делови стана јасно дека автобомобилот ќе биде само 50 проценти руски.

Не е познато кој ќе ја достави опремата за моторите и автоматските менувачи. Прво беше најавено дека тоа ќе биде компанијата КАТЕ од Москва, но засега нема официјална потврда.

Од Русија ќе бидат доставувачи и стаклата, но на цивилните верзии на Путинмобилот. Тоа ќе биде AGC Glass Russia, која ќе го изработи и проекцискиот дисплеј и антената.

Другите руски доставувачи ќе бидат за материјалот од кој е изработена внатрешноста, федерите, резервоарот и страничните ретворизори, делови од шасијата…

Следете не и на:

24AUTO NETWORK