Путин возеше камион и го отвори новиот мост меѓу Крим и Русија

ОБЈАВЕНО НА:

Путин не би бил тоа што е доколку во секој свој јавен настап не би внел оригиналност. Последен во низата такви настапи е кога на чинот на отворањето на мостот кој го поврзува Крим со Русија се фати за воланот на Камаз.

Тој заедно со останати претставници од окрузите и компанијата што го градеше овој мост влегоа во камионите и со движење низ мостот го означија крајот на работните активности.

Овој мост е долг 19 км. и е најдолг во Европа, а изграден е за релативно брзо време откако градежните активности започнаа во 2016 година, непосредно по анексирањето на Крим кон Русија.

Паралелно на овој мост се гради и друг мост кој треба да го поврзе железничкиот сообраќај во Крим со Русија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK