Путин најмногу му верува на Porsche

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилот од проектот Кортеж кој е предвиден за првите луѓе на Русија е веќе влезен во производство, а во него ќе се најде мотор од Porsche. Продажбата е планирана да почне на крајот на 2018 или почетокот на 2019 година, но претходно ќе биде направена една серија како експеримент.

Производството на првата серија на автомобили со име Aurus во рамките на проектот Кортеж ќе биде дел од работата на научно-истражувачкиот институт, НАМИ. Се работи за пуштање на првата пилот серија на автомобили, целосното производство се очекува да стартува следната година и годишно би требало да се произведуваат од 150 до 200 возила.

Секој автомобил од серијата Aurus ќе биде со погон на сите тркала, а под хаубата ќе има 6,6 литров V12 двоен турбо мотор со моќност од 850 коњски сили, кои се создадени од специјалистите во Porsche. Првите 14 возила од претсеријата ќе завршат кај руската федерална безбедносна служба, а едно возило ќе биде наменето и за претседателот на Русија, Владимир Путин.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK