Во 2012 година, Владимир Путин направи тест на лимузината која што беше изработена за неговите потреби, но очигледно не му се допадна она што го виде, па возилото се најде во базата на моделот 41047.
Автомобилот е изработен од компаниите АМО ЗИЛ и Депо-ЗИЛ, а проектот од создавањето на оваа лимузина е наречен „Монолит“.
Во моментов возилото се продава по цена од 70.000.000 рубљи, а тоа е сума која е речиси еднаква на 1 милион евра.
Според она што стои како опис на колата при продажбата се вели дека по луксузната и раскошот, руската лимузина е далеку пред другите слични модели како Maybach, Rolls-Royce и Cadillac. Има осумцилиндричен мотор со V-облик со работен обем од 7,7 литри и моќност од 400 коњски сили. Максималниот вртежен момент е 610 Нм.