Единствениот македонски возач во TCR Europe, Виктор Давидовски и во 2021 година ќе се натпреварува во најсилното европско натпреварување со туринг возила. Тимот на PSS Racing сега се зголемува и во 2021 член ќе биде Франко Џиролами, повеќекратниот шампион од аргентинската тркачка елита.
Соработката со Honda и ЈАS Motorsport исто така продолжува, сега засилена. Ланската соработка на PSS Racing со браќата Џиролами на ТЦР трките за рекордно кратко време ja вивна високо тимскaтa игра која заедно му донесе на македонскиот тим подиум, и два Јокохама пехари.
Лани Виктор Давидовски возеше само на две од TCR Europe првенството бидјеќи поради пандемијата не доби дозвола на локалните власти за влез во Франција, Белгија и на една трка во Шпанија. Од двете трки освои вкупно 26 бода, а поради проблеми со моторот на една трка во Италија остана без бодови во последните свиоци пред целта.
Сега возачите на PSS Racing се поискусни и сигурно ќе бидат и многу поуспешни на патеката. Со 30 години Франко зад себе веќе има преку 200 трки, 32 победи, 62 подиуми, 30 пол позиции што несомнено го рангира меѓу најуспешните на тркачката сцена. Давидовски сезонава се очекува да биде уште подобар особено ако вози на сите трки.
Премиерно првиот ТЦР настан е закажан на 7 мај во Словачка, подготовките се веќе во тек.
Планирани се се вкупно седум трки, покрај во ЛСовачка ќе има ТЦР натпревари и во Франција (Пол Рикар), Холандија (Зандворт), Белгија (Спа), Германија (Нирбургринг), Италија (Монца) и Шпанија (Барселона)