Доколку не се постигне договор за излез на Велика Британија од Европската Унија тогаш PSA Групацијата ќе ја затвори фабриката на Opel во оваа земја, е ставот на првиот човек на најголемиот француски прозиводител на автомобили.
Веќе неколку месеци трае сагата околу напуштањето на Велика Британија на Европската Унија, а сето тоа веќе ги има првите негативни ефекти врз автомобилската индустрија во оваа земја.
Извршниот директор на PSA за Financial Times изјави дека би сакале и натаму да продолжи производството на Opel Astra во Велика Британија, но доколку условите се покажат лоши и не би можело да се постигне профитабилноста тогаш и дефинитивно фабриката ќе се затвори. “Имаме алтернатива за Илзмер” изјави Таварез без при тоа да прецизира каде би се преселило производството на овој модел.
Претходно и Nissan, Honda, Toyota најавија дека значително ќе ги намалат производствените активности во оваа земја доколку не се постигне договор.