PSA сами ќе произведуваат батерии – наскоро започнува производството

ОБЈАВЕНО НА:

PSA Групацијата која во моментов се снабдува со батерии од LG и CATL наскоро ќе започне со сопствено производство, потврдуваат од компанијата.

Во соопштението се наведува дека производството ќе се одвива во две фабрики на Групацијата. Најпрво ќе започне во фабриката во Трнава (Словачка), а потоа и во Виго (Шпанија).

Со ова, PSA Групација прави интеграција наназад обезбедувајќи си го самите клучниот ресурс за производството на електричните автомобили, а тоа се токму батериите. Истите ќе бидат користени кај сите брендови од Групацијата и тоа Peugeot, Opel, DS и Citroen, а се очекува првите да бидат вградени кај електричната изведба на Peugeot 208.

Засега останува нејасно дали покрај за сопствени потреби, PSA Групацијата ќе произведува батерии и за останатите произведители на електрични автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK