понеделник, 25 декември, 2025 година

PSA предупредува – ќе ја затвориме фабриката ако нема договор

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Периодов на британската политичка сцена е актуелен планот за излез на земјата од Европската Унија. Во парламентот во Лондон постои поделеност околу начинот за излез – дали ќе биде со договор или без договор.

Статус кво ситуацијата придонесе да веќе месеци наназад најмногу погодена е автомобилската индустрија. Honda најави дека ќе ја затвори фабриката, Nissan го редуцираше производството со тенденција на затоврање на фабриката, а големи промени имаше и во фабриките на Toyota и Ford.

- Advertisement -

Сега последна во низата е PSA Групацијата која најави дека ќе ја затвори фабриката доколку не се постигне договор за излез на Велика Британија од Европската Унија односно излезот не се направи со договор помеѓу ЕУ и Велика Британија.

Во Велика Британија PSA Групацијата поседува една фабрика во која години наназад се произведува Opel (Vauxhall) Astra. Сега функционирањето на фабриката е ставено под знак прашалник, па доколку се реализираат очекувањата дека на 31 октомври земјата ќе излезе без договор тоа и дефинитивно ќе значи затворање на фабриката стоеше во соопштението на компанијата.

Доколку се случи тоа, PSA Групацијата производството на овој модел најверојатно ќе го префрли во Гливице, Полска каде и во моментов се произведува овој модел.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја