Еден од најголемите производители на автомобили PSA Групацијата објави дека ќе отпушти 241 вработен од својата фабрика во североистокот на Англија.
Кратењето на работните места во оваа фабрика каде што се произведува Vauxhall доаѓа откако претходно беше објавена програмата за доброволно заминување од фабриките на Opel во Германија.
Во октомври мината година беше објавено дека од оваа фабрика на Vauxhall од вкупно 1.900те вработени, 400 ќе мора да се заминат за подоцна оваа бројка да се зголеми на 650 вработени.
Овие отпуштања доаѓаат како дел од стратегијата за неопходното реструктуирање во оваа Групација се со цел да се намалат непотребните трошоци, а воедно и да се зголеми конкурентноста.