PSA ќе произведува маски – 10 милиони месечно!

ОБЈАВЕНО НА:

Коронавирусот отвори и нови можности за компаниите од автомобилската индустрија. Од повеќе општествено одговорни мотиви отколку можеби профитабилни бројни компании произведуваа, а некои сеуште произведуваат респиратори и заштитни маски и везири.

Така Ferrari и Lamborghini произведуваа респиратори додека Ford заштитни маски.

Но, PSA Групацијата во коронавирусот гледа долгорочна можност. Како што соопштија од самата компанија во фабриката во Мулхауз од август годинава започнува со континуирано производство на заштитни маски.

Според планот, на месечно ниво ќе се произведуваат до 10 милиони маски кои ќе бидат наменети за домашниот пазар.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK