PSA Групацијата ги евакуираше вработените од фабриката во близина на Вухан

ОБЈАВЕНО НА:

Поради Корона вирусот кој веќе неколку недели сее страв во Кина, PSA Групацијата се реши во целост да ги повлече своите вработени кои работат во оваа земја.

Поточно, станува збор за вработени кои работат во фабриката на PSA Групацијата во близина на градот Вухан каде првично се појави овој вирус.

Станува збор за 38 работници кои во оваа фабрика се пратени од Франција, а кои работат во заедничката компанија на PSA Групацијата и кинескиот производител на автомобили Dongfeng.

Претходно Renault ја затвори својата фабрика поради најголемиот празник во оваа земја – кинеската нова година, а претставници на овој француски производител наведоа дека во моментов се разгледува за тоа какви мерки да се преземат со цел да не го ризикуваат здравјето на своите вработени.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK