Opel и Vauxhall се под заедничка сопственост и управување на PSA Group, а откако Французите ги земаа под свое двете компании прават обиди за оптимализирање на расходите коишто и двете компании ги имаат за да влезат во позитивен правец.
Како главна движечка сила за позиционирање на зелено ги гледаат СУВ моделите од Германија, но тоа веројатно нема да биде доволно. Потребо е да има и одредени скратувања, а менаџерите на PSA во моментов се заинтересирани најмногу за случувањата во Велика Британија.
На островот има околу 300 салони на Vauxhall, кој ги продава таму моделите Opel. Информациите велат дека бројката на овие сални ќе биде намалена за околу една третина.
Во најголем степен тоа се должи на сè послабата продажба на возилата од овој бренд. Минатата година доставувањата на возилата во регионот паднаа за сериозени 22,7 проценти така што работите не одат во посакуваната насока.
Засега одлуката за намалувањето на продажните салони не е финална и допрва ќе има анализа и допрва ќе биде познато што ќе се случува со салоните на Vauxhall и дали навистина бројката ќе биде толку намалена.