Првото виетнамско возило чека на промоција во Париз

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилската марка VinFast, која има претензии да стане првата домашна марка во Виетнам, ќе се претстави за време на саемот во Париз со два модели и тоа седан и кросовер. Дебито ќе биде под слоганот „Виентамска идентичност – италијански дизајн – германски инжинеринг – меѓународен стандард“.

Во овој проект се вклучени и неколку германски компании, а на чело стои BMW. На оваа компанија и се платени „правата за интелектуална сопственост“.

Нејасно е кој ќе одговара за конечниот дизајн на автомобилите. Конкурсот за него заврши со победа на Italdesign, но за победник беше објавена фирмата Pininfarina. Во конкурсот биле предложени 20 различни варијанти, а за победниците гласале 62.000 Виетнамци. Седанот на Italdesign доби поддршка од 22.396 гласа (36,2%), додека за кросоверот гласале 13.833 лица (22,4%).

Концептите на Italdesign имаат специјални линии, кои тргнуваат од тесните предни светла кон логото V и „иглени уши“ на решетката од страна. На цртежите на Pininfarina од почеток нема ништо слично, но во последните се појавуваат истите детали.

Резултатите од првиот конкурс не ги задоволиле до крај Виетнамците и во март годинава е направен нов конкурс. Овој пат со 40 предлози за градски автомобил и истите 60.000 гласачи. Бирото Italdesign предлага две варијанти и тоа бензинец и електричен, па народот одново гласал за нив.

Со напредувањето на времето списокот на странски партнери во проектот расте, а во него веќе се и Pininfarina, Italdesign, Bosch, Siemens, Magna Steyr и AVL, а последната фирма која е вклучена е  Aapico, која е водечки производител на автокомомпоненти во Тајланд.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK