Првото електрично возило Volvo ќе го прави во Кина

ОБЈАВЕНО НА:

За некого можеби е изненадување одлуката на Volvo првото целосно електрично возило да биде произведено во Кина. Новиот модел ќе ја користи CMA платформата (Compact Modular Architecture) за мали возила, и ќе почне да се продава во 2019 година. Моделот ќе се продава глобално, и ова ја покажува важната улога на Кина во идните планови на Volvo за електрификација.

„Волво целосно го подржува државниот план на Кина за чист воздух и петгодишниот план за негово извршување. Тоа е целосно во иста насока со нашите вистински вредности за грижа за околината, квалитетот и безбедноста, изјави Хакан Самуелсон, извршниот директор на Volvo.

Кина останува главен пазар за продажба на електрични воизла, и има амбициозен план на зголемена продажба на електрични возила и хибридни, и решавање со загадувањето и прашањето каков е квалитетот на воздухот во градовите.

Покрај планот за нудење на плаг-ин хибридни решенија за секој модел што го имаат во понудата, Volvo е посветен на продажба на 1 милион електрични возила, што вклучува целосно електрични возила и хибриди до 2025 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK