Првото електрично Bеntlеy ќе биде седан

ОБЈАВЕНО НА:

Првиот целосно електричен модел на Bеntlеy ќе се појави на пазарот во 2025 година и ќе биде интересен спој меѓу седан и кросовер. Електромобилот ќе биде изграден на модифицираната верзија на платформата на Аudi Аrtеmis, која ќе се базира на наследникот на А8.

Во интервјуто за британскиот магазин, шефот на Bеntlеy, Ејдријан Холмарк вели дека за пет години веќе ќе се појават батерии со капацитет од 110-120 кВтч, кои ќе им овозможуваат на големите и луксузни модели да изминуваат по 400-500 километри без полнење.

Развојот на технологиите ќе му помогне на брендот да продава само електромобили до 2030 година.

Каросеријата на идниот електричен Bеntlеy ќе личи на седан, но ќе биде вградена поголема батерија. Дизајнот ќе биде инспириран од концептот ЕXP 100 GT, со кој брендот одбележува 100-годишпнина во 2019 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK