Првото електрично Bentley доаѓа во 2026 година

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Bentley откри нови погледи во однос на електрификацијата за иднината на автомобилите и означи почеток на тригодишна развојна програма, која ветува трансформирање на електричните погонски системи.

За таа цел од компанијата вложуваат на целосно интегрирана архитектура на задната оска, која ќе биде користена во првото целосно електрично Bentley при неговата појава на пазарот во 2026 година.

Развојната програма на Bentley се нарекува Octopus (Optimised Components, Test and simulatiOn, toolkits for Powertrains which integrate Ultra high-speed motor Solutions) и ќе користи материјали, процеси на производство, развојни симулаци и тест циклуси на новата генерација, а како крајна цел го има создавањето на интегрирани погонски оски со невидени нивоа до моментов на интеграција на одделни компоненти.

„Имаме јасен план за да го понудиме секој наш модел со фибридна опција до 2023 година, а почетокот го означивме со Bentayga Hybrid, додека следната цел е развојот на планот за целосно електричното Bentley до 2026 година“, вели Стефан Фишер, кој е директор во одделот за мотори на Bentley Motors.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK