Прво Volvo без дизелски мотор: S60 само за американскиот пазар (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Volvo Cars го претстави својот прв средно размерен спортски седан S60 и тоа во првиот производствен центар во Чарлстон во Јужна Калифорнија. Ова значи дека Volvo се ориентира кон пазарот во САД каде очекува да има одлични резултати, а овој модел ќе биде исклучиво за пазарот во оваа земја.

Овој автомобил е првиот модел на Volvo, кој ќе се нуди без дизел мотор одбележувајќи го водечкиот ангажман на компанијата во електрификацијата, како и долгорочните планови за иднината надвор од традиционалните мотори со внатрешно согорување.

Во 2017 година, Volvo Cars беше првиот произведувач на автомобили во светот, кој објави дека од 2019 година сите нови модели на компанијата ќе бидат чисто електрични.

Со новото S60 ќе се предлагаат и два plug-in hybrid придвижувачки системи со турбо компресор и суперполнач: Volvo T6 Twin Engine AWD Plug-in Hybrid, со 340 коњски сили комбинирана моќност и T8 Twin Еngine AWD Plug-in Hybrid со 400 коњски сили комбинирана моќност.

Новото S60 е изградено на сопствената платформа на Volvo – SPA (Scalable Product Architecture), а ги има истите карактеристики на сигурност и инфотејмент систе, како и најновиот луксузен комби модел на компанијата – V60, чија светска премиера се одржа на почетокот на оваа година. Исто така и на моделите од серијата 90 и новото ХС60, модели кои се водечки според рејтингот за безбедност во автомобилската индустрија. Тоа го претвора новиот седан S60 во еден од најбезбедните автомобили на патиштата.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK